ВИДЕО| Една од истреланите ракети на вежбите во Јужна Кореја паднала во базата

Една од ракетите истрелани во текот на заедничките воени маневри на Јужна Кореја и САД се урнала на територијата на воената база и притоа нема жртви, пренесува јужнокорејската новинска агенција Yonhap повикувајќи се на армиски извори.

Претходно во средата беше известени за американско-корејско тестирање на четири ракети „земја-земја“, како одговор на лансирањето балистички проектил со среден дострел од Северна Кореја ден претходно кој ја прелета Јапонија во најдолгиот лет досега.

Јужнокорејската војска соопшти дека нејзината балистичка ракета „Hyunmoo-2“ се урнала на територијата на базата набрзо по лансирањето. Според информацијата на агенцијата, жителите на крајбрежниот град Гангнеунг виделен силен блесок и слушнале моќен татнеж, кој очигледно доаѓал од полигонот на базата.

Изворите на Yonhap појаснил дека проектилот не експлодирал, туку во него само согореле полнењето. Нагласил дека во инцидентот нема настрадани.

Во вторникот утрото по локално време Северна Кореја лансираше балистичка ракета којашто ја прелета јапонската територија и падна во Тихиот Океан. Јапонските стручњаци веруваат дека проектилот го достигнал максималното растојание во историјата на севернокорејските лансирања.

Северна Кореја, исто така, изведе неколку ракетни лансирања минатата седмица. Сите проектили, според процените на стручњаците, веројатно биле балистички со височина на летот на околу 50 километри и дострел до 300 до 400 километри. Меѓутоа, забележуваат дека некои од овие проектили летале по „нестандардна траекторија“.