ВИДЕО| Eдна жртва откако автомобил влета во тераса на ресторан во Париз

Автомобил во средата вечерта влета на тераста од ресторан во ХХ арондисман во северниот дел на Париз, при што едно лице загина, три се во критична состојба а уште други три се тешко повредени, соопшти полицијата на француската престолнина додавајќи дека возачот побегнал од местото на инцидентот.

Според полициски извор на AFP, во оваа рана фаза од истрагата се претпочита верзијата за „сообраќајна несреќа“. Возачот на автомобилот наводно побегнал, а сопатникот е уапсен. Тој, според информациите на Le Parisien, бил позитивен на наркотици и алкохол.

Градоначалникот на XX арондисман, Ерик Плиез, кој зборуваше на телевиискиот канал BFMTV, 23 лица кои биле очевидци на несреќата се во состојба на шок и моментално добиваат поддршка од психолози.

„Видов како автомобилот пристигнува брзо и влетува во терасата на (ресторанот) Rasmus… Побегнав. Видов луѓе на земја, видов ужас… Вознемирен сум. Ние сме тука 40 години, улицата отсекогаш била тивка, ужасно е“, изјави менаџерката на соседниот ресторан за Le Parisien.

Во областа која е блокирана брзо се распордени големи полициски сили и бројни противпожарни возила. На лице место се распоредени и војници на антитерористичката единица „Сентинел“ (Sentinell) чиј припадник во понеделникот вечерта беше прободен со нож на главната железничка станица во Париз.

Франција е под високо ниво на безбедност пред почетокот на Олимписките игри, кои почнуваат во француската престолнина на 26 јули.