ВИДЕО| Едно лице убиено во напад во израелски трговски центар

Во средата едно лице е убиено а друго е рането во напад со нож во израелски трговски центар, во кој бил убиен и напаѓачот, соопштија израелската полиција и медицинските служби.

Полицијата соопшти дека се сомнева оти станува збор за терористички напад, а израелските лекари за Reuters изјавиле дека една од двете жртви била прогласена за мртва откако била итно пренесена во болница. Напаѓачот починал во трговски центар во Кармиел во северен Израел.

Израелските лекари претходно во средата објавија дека двајца дваесетгодишни мажи биле донесени на одделот за итни случаи, едниот во многу тешка состојба, а другиот целосно свесен.

На видеото од местото на настанот, кое беше објавено на социјалните мрежи и прегледано од новинарите на Reuters, се гледа како двајцата мажи лежат неподвижни на земјата од трговскиот центар додека луѓето се обидуваат да им дадат прва помош.

Еден од мажите кој бил донесен во итната медицинска помош бил облечен во зелена униформа, што може да се види на видеото. На истото видео се гледа и трет човек на кој никој не му помогал. Тој е облечен во униформа и останува да лежи неподвижен на земја.

Засега никој директно не ја презеде одговорноста за нападот.

Израел спроведува воена офанзива во Газа од 7 октомври минатата година како одмазда за смртоносниот напад на Хамас на израелска територија.

Насилството на Западниот брег, кој е под израелска окупација, беше во пораст и пред војната во Газа, но потоа дополнително ескалира. Во јануари една жена беше убиена, а дванаесет лица беа ранети во палестински напад во централен Израел.