Фудбалерите на Барнли извојуваа гостинска победа до 2:1 над Саутемтпон во 26-то коло од англиската Премиер лига.
Мечот го отвори за водство на гостите Ешли Вествуд во 2 минута со директен погодок од корнер во поблискиот агол, а домашните израмнија во 18 минута преку Дени Ингс. Сепак трите бодови му припаднаа на Барнли, за кој победничкиот погодок го постигна Матеј Видра до 60 минута.
Барнли така дојде до 34 бодови и се искачи на 10-то место на првенствената табела, додека Саутемтон со 31 бод е 13-ти.
Westwood – Southampton 0-1 Burnley pic.twitter.com/opoAMpYo3R
— vídeos de Sports (@JurupebaVid1) February 15, 2020