Контроверзна египетска телевизиска серија од жанрот научна фантастија која предвидува уништување на Израел по распадот на неговиот сојузник САД, предизвила жестоки критики и осуди во израелската јавност.
Првата епизода од серијата „Крај“ (Al-Nehaya) е емитувана во Египет во петокот, на првиот ден од светиот муслимански месец рамазан. Секоја година во текот на рамазан телезивиските серии и емисии во Египет бележат зголемена гледаност и го следат цели семејства.
Во првата епизода прикажана е сцена во учлилница во 2120 година во којашто децата учат за „војната за ослободување на Ерусалим“
„Соединетите држави почнаа да се распаѓаат и да се борат една против друга. И тогаш на арапските земји и се зголеми економската и воената моќ“, зборува учителот.
„САД беа главниот сојузник на ционистичката држава. Кога на арапските земји им се укажа можноста да се решат од заколнатиот непријател, избувна војна и наречена е Војна за ослободување на Ерусалим“, додава учителот.
Израелското министерство за надворешни работи ја осуди содржината на серијата.
„Ова е жална и апсолутно неприфатлива содржина, особено меѓу земјите кои имаат мировен договор 41 година“, соопшто израелската дипломатија.
Египет е првата арапска земја којашто со Државата Израел во 1979 година потпиша мировен договор, а следната беше Јордан во 1994 година. Египет оттогаш редовно се јавува како посредник во намалувањето на воените тензиите и судири меѓу Палестинците и еврејската држава.
Во 2011 година гледаната во регионот турска телвизиска серија „Долината на волците“, односно нејзиното продложение „Палестина“ во којашто главниот херој му се одмаздува на израелски командант за веќе автентичната израелска операција на турскиот брод „Мави Мармара“ дел од Флотилата на слободата која требаше да ја пробие изралеската поморска блокада на Палестина, беше повод за вжештување на тогаш веќе нарушените односи меѓу Турција и Израел. Претходно Турција беше единствената муслиманска земја којашто најтесно воено и економски соработуваше со Израел, чиј телевизиски пазар го преплавуваадотогаш турските тв-новели.