(ВИДЕО) Експлозија на јапонска ракета веднаш по лансирањето

© AFP 2018 / Jiji Press

И вториот приватен проект за лансирањето ракета на Јапонија, во организација на инвеститорската компанија „Interstellar Technologies Inc.“ доживеа неуспех, откако ракетата експлодираше само неколку секунди по лансирањето, пренесе телевизиската компанија NHK.

Лансирањето на десетметарската ракета МОМО во саботата требаше да биде вториот обид на приватната претприемачка компанија без финансиска или друга помош од јапонската државна воздухопловна-вселенска агенција (JAXA) да испрати летачки уред во Вселената. Првиот обид беше изведен пред точно 11 месеци, на 30-то јули 2017 година.

Едностепената ракета МОМО-1, со должина од 10 метри и тежина од 1 тон, треба да е првиот потфат создаден и лансиран од приватна компанија во Јапонија. Лансирањата се одвиваат од островот Хокаидо. Сепак, по кусо време тогаш информациите за летото престанаа да пристигнуваат и во режим на итни случаи беше запрен еден од моторите. Ракетата успеала да достигне височина од 20 километри и паднала на оддалеченост од 6,5 километри од местото на лансирањето во водите на Тихиот Океан.

Вториот обид, исто така, заврши неуспешно. Благодарејќи на тоа што управувањето со лансирањето се одвивало на оддалеченост од 600 метри, ниту еден од службениците на компанијата не бил повредени. За оние коишто сакале да го проследат лансирањето во живо, областа беше забранета во радиус од 1,5 километри.

„Ракетата експлодираше неколку секунди по лансирањето. Ниту еден од вработените на компанијата не е повреден, бидејќи процесот беше контролиран од далечина“, беше соопштено во саботата.

Претседателот на „ Interstellar Technologies“, Такахиро Инагава, се извини за неуспешниот обид од проектот пред инвеститорите. Според него, експлозијата најверојатно се случила поради дефекти со моторот.

 

 

https://www.youtube.com/watch?v=stMxJALbSYU