(ВИДЕО) Елмас го даде деби голот за триумф на Наполи по девет меча!

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас беше човек на одлука на дуелот со Сасуоло, затоа што со деби-гол за Наполи донесе триумф во калчото за неговиот тим по девет натпревари (1-2).

Извештај од натпреварот:

https://www.youtube.com/watch?time_continue=3&v=cilEGlOyjSY&feature=emb_logo

Наполи имаше голема иницијатива на дуелот со Сасуоло, но фалеше реализацијата, а домашните исто така ги пратеше и среќата, ако се земе предвид дека гостинот двапати ја погоди пречката.

Што се однесува до головите, Сасуоло прв поведе во 29. минута преку Траоре, а изедначи Алан во 57. минута. Ељиф Елмас влезе од клупата за резерви во 70. минута, а најдобриот потег вреден три бода го имаше во екстра-времето, поточно во 94. минута кога погоди со глава по центаршут на Ди Лоренцо и донесе голема радост за Наполи.

Наполи се наоѓа на осмото место во Серија А, а во наредното коло кое се игра во 2020 година на „Сан Паоло“ го чека дерби-дуел со Интер. Сасуоло, пак, ќе игра со фенерџијата Џенова на Горан Пандев.

наро Гатузо го наследи Карло Анчелоти на тренерското столче, а конечно дојде и првата победа по долго време. Наполитанците немаа триумф на девет натпревари по ред во Серија А, а претходно последниот успех им беше на 19 октомври, кога ја совладаа Верона со 2-0.