ВИДЕО: Ескалираше конфликтот меѓу бегалците на јужната граница

И денеска тензично на јужната граница по вчерашниот инцидент, кога голема група економски мигранти од Мароко се судри со грчката полиција, поради тоа што не им дозволуваа на бегалците од кризните воени жаришта да ја преминат границата.

Во тепачката меѓу економските мигранти и бегалците, претежно од Сирија вчера загина едно момче од Мароко.

Големи нереди се случуваат и утрово на македонската граница. На меѓуграничниот простор на Кота 59 изби голема тепачка меѓу економските мигранти и бегалците.

Грчката полиција утрово ги притиснала економските мигранти, по што околу три илјади бегалци се веќе на територија на Македонија, каде што се прифатени во центарот за бегалци. Оттука бегалците организирано ќе бидат транспортирани кон Србија.

Освен со транспаренти и мегафони, економските мигранти, кои се се’ побројни, биле обезбедени и со алати за сечење на ограда.

Според информаци на „Ројтерс“ македонската полиција утрово употребила и солзавец кон голема група пакистански мигранти, кои се обиделе насилно да влезат во Македонија од Грција.