
Десетина илјади жители на Хаваи се повикани да се евакуираат по ерупцијата на вулканот Килауеа на хавајскиот Голем остров, која се случи по неодамнешната серија земјотреси.
Жителите на Пуна беа повикани да се евакуираат откако вулканот почна да исфрла пареа и лава 40 метри во височина. Жителот на Пуна, Икака Марзо рече дека видел „фонтани од лава“ како бликаат од вулканот во воздух и течат низ уицата во една од градските населби, а ерупцијата звучела како звук на авионски мотор.
Според пишувањето на „Хонолулу Стар Адвертајзер“, земјотрес со сила од 4,6 степени по рихтер, кој утрово ја раздрмал јужната страна на островот е најновиот во низата од над стотина земјотреси.