ВИДЕО: Еве како пилотот на „Ербасот“ се заглавил надвор од пилотската кабина

Во јавноста се појавија информации дека еден од пилотите на авионот на „Џерманвингс“ кој се сруши во Јужна Франција, останал надвор од пилотската кабина.

Цитирајќи ги доказите од црната кутија, неименуван извор за Њујорк Тајмс вели дека еден од пилотите ја напуштил пилотската кабина и дека не бил во можност да се врати во моментот на канцеларијата.

– Пилотот надвор прво полека тропа на вратата и нема одговор. Потоа тој тропа на вратата посилно и повторно нема одговор. Се слуша дека тој се обидел да ја скрши вратата, вели изворот, а овие информации треба допрва да бидат потврдени.

kokpit_vrata

Одвоено, експертите на Француската авијација изјавиле за АФП дека падот на авионот би можел да биде предизвикан од пилотот што останал во кабината.

Тие велат дека според доказите најверојатно станува збор за самоубиствен напад или за болест на пилотот кој останал – но сепак, најверојатно не станува збор за болест поради тоа што морала да биде донесена свесна одлука за да се стави леталото во надолна траекторија.

По нападите од 11. 09, кога терористите ги разбија вратите на пилотските кабини и ја преземаа контролата врз авионите, регулаторите во авијацијата преземаа безбедносни мерки и ги примораа изработувачите да ги зајакнат вратите од пилотската кабина, поради што е мошне тешко да ги отворите однадвор.

Ова видео, објавено од Ербас, во април минатата година прикажува како новиот сигурносен систем на вратите работи:

Видеото покажува дека пилотот може да влезе во кабината отворајќи ја вратата на копче одвнатре. Дозвола за влез може да се добие само откако пилотот внатре ќе го употреби телефонот за да воспостави контакт.