Софистицирана лабораторија за одгледување марихуана во скопското село Морани којашто двајца браќа на возраст од 25 и 28 години ја направиле во сопствената викенд куќа претворајќи ја во оранжерија, откри полицијата во акција за којашто претходно во саботата објави НетПрес.
Како што објавивме, станува збор за синовите на блиска соработничка и сопартијка на премиерот Зоран Заев кои биле уапсени откако во семејната викендичка била откриена софистицирана лабораторија за производство на марихуана. Станува збор за децата на Лилјана Керамитџиева, вработена во Јавното претпријате „Македонски шуми“, а кои веќе ѝ биле познати на полицијата како извршители на други кривични дела..
Две простории браќата ги обложиле со најлон, поставиле системи за наводнување, венталиција и навлажнување на воздухот, греење со светилки, односно према со којашто планирале да одгледаат над 200 стебла канабис.
Врз основа на Наредба од Основен суд Скопје 1 Скопје, извршен е претрес и во викендичката на Л.К., во место викано Света Петка во село Морани,а корисник е и нејзиниот син С.К. При претресот во викенд куќата пронајдени се 202 саксии со засадени растенија канабис со различна висина, 5 пластични туби со течност, како и инсталиран систем, односно лабораторија за одгледување на наркотична дрога – два дигитални апарати (мерачи), пумпа за прскање, прима клима, 20 електрични трафа за лампи, три тајмери, две ламби со лед диоди, ролна – фолија, метален вентилатор, алуминиумско растегливо црево и два пластични сада со капак, велат од МВР.
Според снимките на видео-материјалот кој го направила полицијата, сите растенија имаат различна големина, што укажува на тоа дека лабораторијата подолго време се користела за одгледување марихуана. Процесот го прекинала полицијата пред три дена – по наредба на скопскиот Кривичен суд кога е направен претрес на викенд куќата при што се откриени 202 саксии со канабис. По наредба на судија во претходна постапка, полицијата го претресла и домот на двајцата браќа во скопската населба Аеродром каде што, исто така, имало опрема за одгледување марихуна. Претресот продолжил во подрумските простории каде во патна торба биле пронајдени осум пакувања со марихуана во вкупна тежина од шест ипол килограми. Од полицијата велат дека дрогата требало да заврши на скопскиот нарко пазар.
Од полицијата потврдија дека двајцата браќа од порано се познати како сторители на други кривични дела. А токму таквото однесување и сознанијата дека тие се занимаваат со продажба на марихунам, ја навело полицијата да го претресе нивниот домот.
Еден од приведените Ѓорѓи Kерамитџиев кој е во домашен притвор пред камерата на теелвизиајта Сител потврди дека плантажата со марихуана е негова, но негира дека од неа профитирал.
Тој ги отфрла обвинувањата на полицијата според кои дрогата која ја произведувал била наменета за скопскиот нарко пазар и тврди дека марихуната ја користев за производство на масло од канабис за здравствените проблеми коишто наводно ги имал.
Реагира и мајката на Керамитџиев којашто не сакака да говори пред камерата на Сител. Според неа, викенд куќата во која била сместена лабораторијата не ја посетила повеќе од три години и дека таа единствено ја користел нејзиниот син. Побарала, исто така, целиот случај да не се поврзува со нејзината политичка активност во СДСМ.