Бунтовниците во украинскиот град Славјанск тврдат дека украинските трупи не ги пуштаат цивилите да го напуштат градот и пукаат на сите возила кои се обидуваат да излезат од градот.
Наводно дошло до судир на бунтовниците, кои под налет на украинската војска ја губат контролата врз градот и самата војска, кога бунтовниците или народната милиција како што самите се нарекуваат, се обиделе да ја вратат контролата над ТВ станиците.
Ниту една од страните не пријавила жртви. Рано изутрина од Слвјанск стигнала порака дека градот е опколен и дека војската пука на сите кои се обидуваат да заминат.
„Градот е опколен, а на цивилите не им се дозволува да си заминат“, рекол претставник на бунтовниците.
„Едно семејство со две деца се обиде со авотмобил да го напушти градот. Резултат на тоа е отворање оган од страна на укринската војска, при што загинаа најмалку две лица“, додал претставникот на бунтовниците.
Според истиот извор, на контролните пунктови на владините трупи забележано е доаѓање на „луѓе во црна униформа“.
„Се сомневаме дека се работи за припадници на ултадесничарскиот Десен сектор, но досега немаме конкретни докази“, истакнал претставникот на бунтовниците.
Командантот на силите на таканаречената „Републик Доњецк“, Игор Стрелков изјавил дека околу градот, покрај тенковските бригади од околу 30 возила, исто така се распоредени артилериски оружја, вклучувајќи го и лансерот на ракети Град.
Стрелков тврди дека цевките на лансерот се насочени кон градот и предупредува дека кога нападите ќе започнат, „жителите на Славјанск ќе живеат тешко, но не за долго“.
Министерството за здравство на Доњецкиот регион соопшти дека во вчерашните борби за Славјанск загинале осум, а биле ранети шестнаесет лица.