![litvanija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/litvanija.jpg?resize=640%2C439&ssl=1)
Италијанецот Мануел Мазони и Полјаците Војчеш Лишка и Михал Проц направија огромна грешка која влијаеше директно врз крајниот исход на овој драматичен меч, решен по дури две продолженија. Пред крајот на третиот период, Јонас Валанчиунас беше фаулиран при шут за што доби две слободни фрлања, а набрзо потоа беше досудена техничка грешка на германскиот селектор Гордон Херберт. Според правилата на ФИБА, Литванците требаше прво да изведат едно слободно за техничката, а потоа уште две за прекршокот. Но, судиите саму му дозволија на Валанчиунас да шутне двапати од линијата, а по неговите промашувања Германците си ја фатија топката и продолжија со игра.
Литванците се обидоа да ѝ укажат на записничката маса на грешката, но никој не направи ништо по тоа прашање. Само делегатот седел целиот црвен во лицето, свесен за пропустот, но ниту тој не реагирал кај судиите. Луѓето од балтичката земја по средбата упатија и официјален протест за пропустот, кој веднаш бил одбиен од ФИБА бидејќи бил поднесен надвор од предвидениот рок од најмногу 60 минути.