Меѓународната фудбалска асоцијација ФИФА им забрани на навивачите на натпреварот меѓу Англија и САД да носат витешка облека на крстоносци за која смета дека би можело да биде сфатено како навреда за арапските фудбалски навивачи и за локалното муслиманско население.
Навивачката група „Kick It Out“, којашто се декларира како борци против дискриминацијата, исто така, ги советуваше навивачите да не носат таков вид костими. Крстоносните војни потсетуваат на верските војни од средниот век кои западниот христијански свет ги водел против муслиманите кои ја завладеаја Светата земја, предупредуваат.
На навивачите облечени во верижни кошули од жица со пластични мечови и штитови со крстот на Свети Георги, како што е соопштено, нема да им биде дозволен влезот ан стадионот „Ал Бајт“ во Ал Корд, северно од катарската престолнина Доха, пишува The Times.
Во „Kick It Out“ проценуваат дека таквиот вид навивачка опрема не е добредојдена во Катар и во другите муслимански земји. Исто така, потсетуваат и на предупредувањето на британското министерство за надворешни работи упатено до навивачите дека при гостувањето во Катар треба да се запознаат со локалните обичаи, како и дека таквото на навивање на ниеден начин не значи почитување на локалните обичаи.
The Arabs have sent the ✝️ crusaders packing once again. ☪️
How history loves to repeat itself 😉#Qatar #Eng #FIFAWorldCup https://t.co/M47Nu0BSOs
— Robert Carter (@Bob_cart124) November 24, 2022