Феноменален меч одиграа Бруклин нетс и Филаделфија 76 во НБА лигата, а славеа гостите со 110:102.
Предводени од неверојатниот центар, Џоел Ембид, кој ја доби битката на ѕвездите со Дурант и Харден, 76-те заслужено го победија фаворитот.
Ембид постигна 34 поени и имаше 7 скока, а за еден поен ги надмина и Дурант и Харден кои постигнаа по 33 поени.
one thing about joel embid is you know he’s gonna turn up the spice level at any moment. pic.twitter.com/BztiyLleTJ
— aaron. (@theaaronwash) December 31, 2021
Брадата забележа и трипл-дабл со 33 поени, 14 скока и 10 асистенции, но и тоа не беше доволно за победа на Мрежичките.
James Harden: 33 PTS, 14 REB, 10 AST
Kevin Durant: 33 PTS, 6 REB, 4 AST@KDTrey5 & @JHarden13 are two of the leagues scariest players to guard! pic.twitter.com/GHhZh3ttgh— NBA (@NBA) December 31, 2021
Во ноќ со само три натпревари блескаа главните ѕвезди и на Милвоки бакс и на Вашингтон визардс во победите против Орландо меџик, односно Кливленд кавалирс.
Јанис Адетокумбо беше незадржлив за одбраната на Меџик и со 33 поени, 12 скока и 5 асистенции го предводеше Милвоки до триумф од 136:118.
Холидеј уфрли 25 поени, а Мидлтон стасаа до 22 во пбедничката екипа што е и актуелен првак во НБА лигата.
Бредли Бил со 29 поени беше најефикасен на мечот меѓу Вашингтон и Кливленд што го добија домаќините со 110:93.
Бекот на Вашингтон имаше и 10 асистенции и 6 скока. Мечот меѓу Денвер нагетс и Голден стејт вориорс не се одигра поради Ковид-19.