Министерот за здравство Венко Филипче на својот ФБ профил објави видео на кое аплаудираат здравствени работници од Клиниката за инфективни болести, од Градската општа болница „8 Септември“, од Општата болница во Дебар и од Клиничката болница во Битола.
Видеото е објавено во знак на поддршка на здравствените работници.
-Аплауз за здравствените работници! Посветено се грижат за своите пациенти. Во првите редови против КОВИД-19, напиша Филипче.