(ВИДЕО/ФОТО) Клинт Иствуд во новиот филм и режира и глуми!

Филмот во режија на Клинт Иствуд со наслов „Плачи, Мачо“, во кој тој ја игра и главната улога, премиерно ќе биде прикажан на 22. октомври. Холивудската легенда премиерата на овој филм ја дочекува на 91. година и во тоа остварување тој се враќа на вестернот на свој начин.

Во годините кога повеќето режисери и актери, ако воопшто ги доживеат, уживаат во пензија, Клинт Иствуд продолжи да снима успешни филмови без прекини.

Пандемијата не му пречеше за да го заврши најновиот филм. Тој сними нео-вестерн базиран на истоимениот роман на Ричард Неш од 1975 година и го постави во времето од крајот на седумдесеттите години од минатиот век.
Приказната го следи Мајк Мило, поранешна родео sвезда, а сега ислужен одгледувач на коњи, кога поранешниот сопственик го вика да му помогне, оди по својот син (Едуардо Минет) во Мексико, и практично го киднапира од неговата мајка алкохоличарка и го носи во Тексас.

Додека се враќаат низ пределите на руралното Мексико и на патот се среќаваат со неочекувани изненадувања, Мило го учи младиот придружник што значи да се биде добар човек, барајќи можност за лично искупување, се наведува во описот на филмот. Покрај нив двајца, во филмот играат и Двајт Јоаким, Наталија Травен, Хорасио Гарсија Рохас и Фернандо Урехол.
Според првичните планови, овој филм требаше да се снима пред 30. години, а Рој Шејдер беше во главната улога, но тој обид не успеа, пренесува порталот Headliner.
Потоа, пред 10 години, Арнолд Шварценегер излезе со сценарио со идеја дека тој ќе го игра Мајли, дури и снимањето во режија на Бред Фурман беше најавено во Кан, но исто така беше откажано. На крајот, сценариото, напишано од самиот Ричард Неш пред приказната да ја претвори во роман, паднал во рацете на Иствуд и филмот во моментов е во постпродукција.

https://www.youtube.com/watch?v=MZ4suextVao