ВИДЕО|Франција: Во напад врз затворско комби убиени двајца агенти, потрагата е во тек

Најмалку двајца затворски агенти се убиени а уште други тројца се тешко ранети во вторникот кога тешко вооружени мажи од заседа нападнале затворско комбе за да ослободат затвореник, соопшти полицијата, потврдувајќи дека во тековната потрага по сторителите на нападите и затворениците.

Оркестрираниот напад, кој доаѓа во време на зголеменото насилство поврзано со дрога низ Европа, се случило на патарина во Инкарвил, во северна Франција. Неименуваниот затвореник и напаѓачите избегале, потврди полицијата.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен изјави дека е започната опсежна потрага по бегалецот и сторителите на нападот.

„Ги користиме сите средства за откривање на криминалците. Според моите упатства, мобилизирани се неколку стотици полицајци и припадници на жандармеријата“, рече министерот.

Министерот за правда Ерик Дупон-Морети изјави дека двајцата ранети затворески чувари се во многу тешка состојба.

„Ќе направиме сѐ за да ги најдеме сторителите на ова грозоморно злосторство. Тоа се луѓе за кои животот ништо не значи. Ќе бидат уапсени, ќе им се суди и ќе бидат казнети за делото што го направиле”, изјави Дупон-Морети.

Сликите на социјалните мрежи покажуваат најмалку двајца маскирани напаѓачи како кружат во близина на запален теренец. Се чини дека возилото удрило во предниот дел на затворското комбе.

Криминалот поврзан со дрога се зголеми низ Европа зафатена со кокаин, а Марсеј е епицентарот на трговијата со дрога и насилството од бандите. Локалните медиуми идентификуваа еден од бегалците како 30-годишниот Мохамед А. Полициски извор открива дека тој е осомничен за нарачано убиство во Марсеј и дека е поврзан со моќна банда која оперира во пристанишниот град.