Францускиот пилот Антоан Убер од тимот на „БВЅ Арден“ почина, како последица од здобиените повреди по тешката несреќа за време на трката во Формула 2 во Белгија, соопшти во саботата Меѓународната автомобилска федерација (FIA).
Трката на патеката Спа-Франкошамп траеше само два круга. При едно свртување, 22-годишниот француски пилот доживеа несреќа. Неколку болиди налетаа на оштетеното возило, а еден од нив се распадна на делови.
По краткотрајната пауза, организаторите решија трката да не продолжи.
Вториот учесник во карамбилот, Американецот Хуан Мануел Кореа е во стабилна состојба во болница. Според медиумските извштаи, нему му се скршени нозете.
https://www.youtube.com/watch?v=MQ0MY9XvJfk