(Видео) Французинот Пер искрши три рекета на мечот со Багдатис

Францсукиот тенисер Бенуо Пер привлече големо внимание во првиот круг на Сити опен во Вашингтон, кога скрши три рекети во натпреварот против Маркос Багдатис, ја фрли опремата и на крајот со свирежи беше испратен од публиката.

Пер не покажа добра игра, ниту почит кон „белиот спорт“ во поразот од 6: 3, 3: 6, 6: 2. По една загубена топка Пер седна на теренот и почна да удира со рекетот, прво во топката, а потоа по земјата  па целосно го уништи рекетот. Сепак, тој не запре таму.

Кога отиде на клупата за да ја замени опремата, го фрли она што останало од рекетот, ја шутна клупата и потоа го скрши резервниот, кој го зеде од торбата.
Багдатис, кој исто така е познат по уништувањето на опремата, му пристапи на 55. играч во светот, во обид да го смири, но тоа не помогна. Французинот ги фрли двата искривени рекети во средината на теренот и ги остави редарите  да ги собератт.

Публиката ги исвирка таквите потези , а Кипранинот рутински почна да го доведува мечот до крај во своја корист.

При последниот поен Пер не сакаше да го погоди топчето, па го искрши и третиот рекет.