Во синоќешното гостување во емисијата „Клан Дебата“ која се емитува на Клан Македонија ТВ, професорот Љубомир Фрчкоски говорејќи за настанатите состојби во државата како и за расположението во СДСМ за претстојните парламентарни избори, призна дека во СДСМ владее негативна енергија.
Ова го поткрепи и со тоа дека тие на анкети се со 2 до 3 проценти позади ВМРО.
-Во мут се, во атмосфера се како што не дошле пак на власт, и една таква атмосфера лоша владее во таа смисла, што владата мора да ја совлада со серија на мерки, а како ќе успеат не знам. Тие стојат по анкетите два, два и пол до три проценти позади ВМРО сега, рече Фрчкоски.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=Glg-Rwca-68&feature=emb_logo