(ВИДЕО) Фудбалерките на САД ја одбранија светската титула

Женската фудбалска репрезентација на САД ја одбрани шампионската титула на Светското првенство во Франција. САД во финалето ја совладаат селекцијата на Холандија со 2:0.

Американките сосема заслужено дојдоа до четвртата титула во историјата. Тие во текот на целиот натпревар доминираа во однос на Холанѓанќите.

Головите ги постигнаа Меган Рапино од пенал во 61 минута, а осум минути подоцна Роус Лавел само ја запечати големата победа на САД.

https://twitter.com/SportsReUp/status/1147906773459841025?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1147906773459841025%7Ctwgr%5E393039363b74776565745f6d65646961&ref_url=https%3A%2F%2Fsportmedia.mk%2F2019%2F07%2F07%2F%25d1%2581%25d0%25bf-2019-%25d0%25b6-%25d0%25b0%25d0%25bc%25d0%25b5%25d1%2580%25d0%25b8%25d0%25ba%25d0%25b0%25d0%25bd%25d0%25ba%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b5-%25d0%25b3%25d0%25be-%25d0%25be%25d0%25b4%25d0%25b1%25d1%2580%25d0%25b0%25d0%25bd%25d0%25b8%25d1%2598%25d0%25b0-%25d1%2581%25d0%25b2%25d0%25b5%25d1%2582%25d1%2581%2F

Инаку, претходно само Германките успеале да ја одбранат светската круна.

Големото финале се играше во Лион пред 57.900 навивачи.