Еден од славните гардисти кои стојат пред Бакингемската палата во Лондон, ги изненадил туристите со крајно неприфатливо однесување кое не е според протоколот и кое би можело скапо да го чини. Тој го извел својот танц без никаков израз на лицето и отсечна гестикулација.
Додека танцувал, воодушевените туристи со своите мобилни телефони ги забележале неговите пируети.
Неговиот испад, колку и да бил забавен за посетителите, прилично ги шокирал британските власти кои отвориле истрага. Според пишувањето на Daily Mail, на ексцентричниот војник му се закануваат големи санкции.