Од 1 март во Германија стапи во сила новиот Закон за доселување стручњаци кој се однесува на квалификувани работници од земји надвор од ЕУ, вклучувајќи ја и Македонија.
Денес, со видео порака до граѓаните на Македонија се обрати и германскиот амбасадор во Скопје, Томас Герберих, појаснувајќи ја постапката за вработување на стручни лица во Германија, а кои потекнуваат од земји надвор од ЕУ.
„Овој закон важи не само за жителите на Балканот, туку за луѓе од целиот свет“, вели, меѓу другото во пораката амбасадорот Герберих, додавајќи дека под стручни лица се подразбираат не само оние кои имаат завршено високо образование, туку и лицата со средно стручно образование.
Во врска со постапката за добивање германска виза, која е неопходна за да се работи во Германија, во видео пораката вели дека образованието треба да биде признато од надлежните германски служби, како и дека за да се добие виза потребна и конкретна понуда за работа.