Видео: Германците лудуваат по Застава 101

Иако одамна не се произведуваат моделите на Застава 101, овие автомобили се многу популарни во Германија од страна на тамошните колекционери.

Еден од нив е Босанецот Дино Чолиќ кој е колекционер на југословенски олдтајмери и досега во Германија има увезено околу 70 возила од марката Застава.

Сите се во возна состојба, а најмногу се бара моделот 101. Тој може да се вози и во забранети зони.

Неговата задача е да најде добро сочувани модели во земјите од поранешна СФРЈ, а најмногу купува во Словенија каде возилата се најдобро сочувани и полесно се регистрираат во Германија.

Германците највеќе ги сакаат овие автомобили поради фактот што резервните делови пасуваат од повеќе типови на автомобили, а целата интересна сторија ја пренесува Дојче Веле и погледнете ја во продолжение.