ВИДЕО: Глуво девојче за прв пат го слушна гласот на својата мајка

Оваа видео снимка дефинитвно ќе ве разнежни. Малата Клои која е слепа и глува ја победи тишината…

Во 2009-та година семејството за прв пат се запознало со тимот кои вградува кохеларни импланти. Џејн Ринг, мајката на малечката Клои никогаш нема да го заборави моментот кога нејзината петгодишна ќеркичка, во нејзиниот скут, за прв пат го слушнала нејзиниот глас.

Сè до тој момент, Клои живеела во потполна тишина.

“Работам со деца со посебни потреби”, изјавува нејзината мајка и додава: “Обожувам да им читам и фактот дека моето дете никогаш нема да може да го слупне мојот глас беше ужасен”…

“Се смирував сама себе со мислите дека ќе успееме да се разбираме преку јазикот на знаците, но кога откривме дека таа е слепа, сите мои надежи паднаа во вода”.

Случајот на Клои е многу чуден. Таа недосатокот на слух и вид не ги наследила, а дечињата кои имаат недостаток од двете сетила начесто страдаат од Ушеров синдром. Меѓутоа, тоа не е случај за Клои. Таа е практично медицински феномен.

Погледнете го моментот кога Клои за прв пат го слушнала гласот на својата мајка…