ВИДЕО: Ѓоковиќ „пукна“ од нервоза и го истури бесот врз рекетот!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во осминафиналето на Ролан Гарос откако по тешка борба го победи Роберто Баутиста-Агут, а во еден момент од мечот тој „пукна“ од нервоза, па бесот го истури врз рекетот.

Од преголема желба да освои поен, Ѓоковиќ направи голема грешка во вториот сет. Во целата ситуација настрада рекетот, кој тотално беше уништен. По грешката, Баутиста-Агут го освои сетот и изедначи на 1-1.

Во продолжение, погледнете ја реакцијата на некогашниот најдобар тенисер.