ВИДЕО: Ѓоковиќ во сосема поинакво светло

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ покрај тоа што е најдобар во својата работа, подеднакво е добар кога станува збор и за забавување на широките народни маси.

Ѓоковиќ на својот профил на Инстаграм објави дел од рекламата која има за цел да се соберат колку е можно повеќе финансиски средства во хуманитарни цели.

Со оглед на тоа дека целта е да се направи колку може покреативна селфи фотографија, тенисерот го шармира објективот на неговиот мобилен телефон, носи перики и имитира голем број познати луѓе.