Како изгледа училишниот голем одмор во Јапонија? Во ова видео можете да видите дека нештата во голема мера се разликуваат од она што го гледаме кај нас…
Децата по секој час му се заблагодаруваат на професорот на знаењето што им го дал, а по секој оброк им се заблагодаруваат на готвачките и на персоналот што им ја подготвил храната.
Во Јапонија децата од мали ги учат на нештата што се важни во животот, а на прво место е почитта. Почитта кон храната, професорите и родителите е најважна во системот за образование.
Можеме да заклучиме дека овие деца ги учат на вистинските вредности и дека Јапонија има еден од најдобрите образовни системи на светот. Тој образовен систем произведува луѓе!
Мошне важен сегмент на секојдневието е хигиена. Овие деца учат дека секој оброк е ритуал и дека треба да бидат благодарни и да го почитуваат она што им се обезбедува.
Погледнете го видеото што ќе ве воодушеви: