ВИДЕО| Големите поплави во Србија урнаа мост, евакуирани се над 200 луѓе

Поради поплавите низ Србија прогласена е вонредна состојба на територијата на 52 града и општини, објави Телевизијата Н1.

Во моментов на сила се вкупно 52 вонредни ситуации – за целата територија на градовите Крушевац, Бор, Чачак, Лозница, Јагодина, Прокупље, Краљево, општините Аранѓеловац, Александровац, Лучани, Топола, Рача, Либане, Долјевац, Рековац, Ариље, Алексинац, Свилајнац, Параќин, Сокобања, Деспотовац, Сјеница, Коцељева, Владимирци, Бабушница, Бољевац, Врњачка Бања, Ќуприја, Ќиќевац, Ражањ, Трстеник, Медвеѓа, Блачади, Куршум Кучево, Смедеревска Паланка, како и на делови од територијата Градовите Шабац и Ужице, општините Трговиште, Бојник, Пожега, Беочин, Ириг, Прибој, Жагубица, Ивањица, Косјериќ, Варварин и Мајданпек.

Поради обилни врнежи и поројни поплави утрово се урна мостот во Мрчајевац кај Чачак. Како што велат мештаните, тој мост бил нивната најблиска врска не само со градот, туку и со нивните парцели.

„Сега не знам како и што ќе правиме. До неодамна беше затворен за сообраќај бидејќи беше небезбеден за премин, поради дотраеност на носечките столбови, а сега е целосно уништен“, вели еден од жителите на Мрчаевац. Во декември минатата година, Владата на Република Србија одвои средства за санација на овој мост, но санацијата никогаш не започна, вели еден од мештаните.

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека од полноќ се евакуирани 217 лица поради поплавите низ Србија.