![Capture](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/11/Capture-6.jpg?resize=696%2C422&ssl=1)
Локалното дерби од шестата лига во шпанскиот фудбал заврши на драматичен и најневеројатен начим, откако голман постигна погодок во последните моменти од мечот, а веднаш потоа и прими со удар од центарот.
Локалното дерби меѓу тимовите на Винероса и Пенискола заврши со победа на гостите од 2:1 по неверијатната завршница во која домашниот голман Карлос Торес за неколку секунди од хероја се претвори во трагичар.
Гостете водеа со 1:0 кога Торес во последните моменти од мечот тргра пред противничкиот гол. Топката некако се одби до него, а Торес со одличен удар од работ на шеснаесетникот погоди за 1:1 и голема радост.
Меѓутоа, радоста многу кусо траеше. Додека сосема опуштено се враќаше кон својот гол, противникот со удар до центарот на игралиштетот погоди за 2:1 и за конечна победа.
„Откако беше објавено од видеото ме викаа од сите страни, дури добив повик и од Германија“, изјави Торес за шпанските медиуми.
Открива и дека добил понуди да заигра и како напаѓач.
„Навистина постигнав убав гол“, додава смеејќи се.