ВИДЕО| Горат гласачките кутии за американските избори, последнaтa во Вашингтон

Кутија за предвременото гласање во сојузната држава Вашингтон пред претседателските и конгресните избори во САД на 5-ти ноември изгоре во понеделникот во под сомневање за подметнување пожар што го истражува Федералото биро за истраги (FBI), соопшти локалната полиција.

Снимката од локалната телевизија KATU покажува чад што доаѓа од гласачката кутија во Ванкувер, а може да се видат и повеќе запалени гласачки ливчиња. Кутијата не била испразнета од 8 часот по локално време во неделата, па стотици гласачки ливчиња се уништени, објави телевизијата, повикувајќи се на локални власти.

Полициската управа на Ванкувер соопшти дека отстранила „сомнителен уред“ што бил до кутијата.

Кутијата се наоѓаше во 3-от округ на државата Вашингтон, седиштето на една од најнеизвесните трки за Претставничкиот дом, во која се натпреваруваат демократската претставничка Мари Глузенкамп Перез и републиканскиот противник Џо Кент.

Инцидентот е последен во серијата саботажи на гласачките кутии.

Полицијата во Портланд, Орегон во понеделникот наутро по локално време добила пријава за сличен пожар предизвикан од запаливо средство во гласачка кутија.

Во четвртокот во Феникс беше уапсен маж откако беше запалено поштенско сандаче при што изгореа 20 гласачки ливчиња.