(ВИДЕО) Гори автобус на ЈСП во Ѓорче Петров

Во четвртокот утрото се запали автобус на градското транспортно претприе ЈСП во скопската општина Ѓорче Петров.

Станува збор за автобус со број 5 кој сообраќа на релација од Дексион кон Ново Лисиче.

Според видеата објавени на социјалните мекои  се гледа како гори горниот дел од автобусот.

Од ЈСП Скопје за Курир информирале дека на лице место е внатрешна контрола и се утврдуваат причините за несреќата, најважно е што нема повредени патници.

https://www.youtube.com/watch?v=jVNfO2KWCoI