Поранешниот гувернар на централната банка на Македонија, Петар Гошев, во своето гостување во програмата на ТВ24 во саботата, оцени дека Народната банка можела да придонесе за сапас на пропаднатата „Еуростандард“ банка, како и дека министерката за финансии направила злоупотреба на својата функција повлекувајќи го депозитот непсоредно пред стечајот.
Гошев оцени дека министерката за финансии Нина Ангеловска ја злоупотребила својата положба со повлекувањето на парите од банката, оти како дел од Комитетот за финансиска стабилност таа цело време знаела каква е состојбата во банката.
Според Гошев, Ангеловска, доколку не се работи за кривично дело, тогаш има голем етички проблем, биидејќи имала увид во состојбата на банката.
„Таа министерка во оставка се грижела за своите пари. Јасно е дека таа ги извлекла тие пари, јасно е дека можела да има информации за состојбата на банката, за она што ја очекува банката, затоа што министрката е член на Комитетот за финансиска стабилност, Комитет формран кога јас бев гувернер. На седниците на тој комитет се расправаат слабите точки на финансискиот сектор, во случајов во банкарскиот. И таа дефинитивно имала информација за тоа што може да и се случи на оваа банка и таа како што гледаме пред два месеци ги извадила тие пари. Е сега во моментот на вадењето на нејзините пари немало формална забрана депонентите да ги извлечат парити но овде имаме искористување на положбата. Ако нема кривично дело врз основа на закон овде има голем етички проблем“, рече Гошев.
По одлуката на Народната банка да ѝ ја одземе лиценцата на „Еуростандард“ банката, се појави информацијата дека министерката за финансии Нина Ангеловска пред извесно време ги подигнала парите кои ги имала во оваа банка.
Опозицската ВМРО-ДПМНЕ побара од Ангеловска да каже дали од банката ги подигнала 250 000 евра кои според анкетниот лист ги имала во Еуростандард банка, непосредно пред одлуката на НБ, на што Ангеловска одговори дека променит во анкетниот лист се многу порано од оваа одлука и н се поврзани со неа.
Во разговорот поранешниот гувернер рече и дека државата можела да ја спаси банката, доколку реагирала подобро, но смета дека Народната банка направила се што е во нејзини ингеренции. Смета, исто така, дека пропаста на оваа банка нема да влијае врз целиот банкарски сектор во земјата.