ВИДЕО| Говорот на омраза и јавниот линч на опозицијата продолжува на омилениот медиум на Палчо

Ниту двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес од осомничениот Љупчо Палевски Палчо кој имаше своја емисија на порталот Инфомакс.мк, не се доволна причина за уредникот Александар Митовски да престане да навредува и клевети и употребува говор на омраза во својата емисија.

Имено, вчера вечер во својата емисија Тешки муабети која се емитува на Youtube каналот, како и на социјалната мрежа Facebook, уредникот Митовски повторно го нападна лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски со навредливи и погрдни зборови, обвинувајќи го дека наводно како што рече тој рекетирал од своите градоначалници за екс вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, навредувајќи го дека не е човек, туку лудак и будала.

„Лудаци. Јас не можам да го дефинирам како нормален човек. Дури и глупавите луѓе можат да бидат и се луѓе. Ова не е човек. Да го плаќаш она говедо, ти ги користиш општините за да го збогатуваш Кочо Анѓушев, кој денеска се најде на црната листа. Преку градоначалниците сме објавиле дека си рекетирал за ДУП-ови. Како вистински политичар, ама ти не си политичар, ти не си човек. Ти не си ништо друго освен исфрустрирана будала. Да не употребам полош збор. Срамно, гнасно, одвратно. Тоа не се новинари, тоа се луѓе кои што поддржуваат непресметливост. Кој што поддржуваат човек кој што нема основно чувство за морал и етика. Ти си лудак другар, рече Митовски во емисијата за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ“, Мицкоски.

Ваквиот однос кон Мицкоски не е прв пат. Изминатата година Мицкоски е се почеста мета на напади, навреди и закани од страна на порталот Инфомакс, и на уредникот Александар Митовски.

Само за потсетување, и сега осомничениот за убиство Љупчо Палевски кој исто имаше Поткаст на порталот често упатуваше погрдни зборови кон Мицкоски и повикуваше на јавен линч, а се дрзна да оди и чекор понатаму заканувајќи му се преку неговиот поголем син Јован.

Иако е портал кој има свој Youtube канал и кој е достапен до се поголем аудиториум, и презентира навредливи и клеветнички содржи, шири говор на омраза, се уште нема никаква реакција од надлежните институции.

За вакви навредливи содржини, надлежен орган не е само Министерството за внатрешни работи, кое треба да постапи за ширење на говор на омраза, туку и Јавното обвинителство кое треба да постапи по допрен гласа, имајќи во предвид дека во минатото се пишувале кривични пријави за лица кои на социјалната мрежа facebook го искажувале својот револт преку недолични коментари за тогашниот премиер Зоран Заев.

Очигледно е дека преку ваквото несанкционирање од страна на надлежните органи на прогонот, не само на порталот Инфомакс и уредникот Митовски, туку и на секој еден му се дава само простор и можност да продолжи да шири говор на омраза и да објавува недолични и навредливи коментари.