Градоначалник на Месина во вторникот започна шрајк со глад со којшто се бори против мерките на италијанската влада донесени со цел да се сузбие ширењето на коронавирусот.
Градоначалникот Катено Де Лука изминатиов викенд подигна шатор во простаништето на споменатиот град на Сицилија, и оттогаш ноќева во него. Неговата намера е симболично да го „блокира“ Месинскиот теснец меѓу Сицилија и италијанското копно.
Де Лука, челник на регионалното движење Сицилија Вера, протестира против прописите според коишто само вакцинираните и оние кошто ја прележале коронавирусната болест можат да пристигнат и да земинат од островот, со брод или со авион.
Овој политичар тврди дека државата „ја заробила“ Сицилија. Во понеделникот поднесе оставка не градоначалничката должност, која стапува на сила во февруари. Во вторникот утрото отиде и чекор натаму, и преку социјалните мрежи најави дека започнува штрајк со глад.
Италијанската влада од 10-ти јануари спроведува построги прописи за да го намали ширењето на вирусот и за да се обиде да ги натера оние кои не сакаат да се вакцинираат да се предомислат. Досега околу 80 отсто од Италијанците се целосно вакцинирани против Covid-19.
Прописите за вакцинираноста и прележаност на болеста сега се применуваат на хотелите, конгресните центри, рестораните, скијачките центри, како и во локалниот и меѓумесниот сообраќај, како што се и траектите.