Грчки хакери коишто себеси се нарекуваат Powerful Greek Army, објавија во твит дека пред два дена наводно успеале да ја пробијат заштитата на компјутерскиот систем на македонското Министерство за образование и наука.
Во објавата, покрај снимката којашто би требало да ја потврди веродостојноста за кибернетичкиот напад, се наведува и дека е преземена контролата врз базата на податоци на министерството.
Се наведува и дека хакерите имаат целосен пристап и до системот на надзорните камери.
Засега нема официјална потврда за овој наводен хакерски напад. Досега од Министерството за образование не се огласија ниту за уапдот, ниту за тоа дали некои фајл е уништен или копмромитиран и дали можеби хакерскиот напад сѐ уште е во тек.
Материјалот којшто се споделува акаунтот на мрежата за микроблогирање, се добива впечаток дека снимките од надзорните камери бил пренесуван во живо.
Споменатата организација на грчки хакери преку Twitter честопати објавува дека упаднале во македонски институции и интернет сајтови.
Ministry of Education and Science of North Macedonia – https://t.co/HkkXOkVH8T has been hacked by Powerful Greek Army.
Database dumped: https://t.co/44LIe1iXXi.
We have access even in their camera systems, we watch you 24/7, we have eyes everywhere, Skopje.. #PGA#OpEndMacedoniapic.twitter.com/M4wpL6p3nd— Powerful Greek Army (@PowerfulGRArmy) February 4, 2022