ВИДЕО: Груевски на велигденската света литургија во црквата „Св. Великомаченик Георгиј“ во Дојран.

Премиерот Никола Груевски со семејството синоќа присуствуваше на велигденската света литургија во црквата „Св. Великомаченик Георгиј“ во Дојран.

Премиерот со семејството во петокот присуствуваше и на литургија за оплакување на Исус во црквата Св. Ѓорѓи во Дојран.

gruevski-dojran

По повод големиот христијански празник Велигден тој испрати честитка до поглаварот на МПЦ-ОА,Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите православни верници во Македонија и во дијаспората во која им посака среќни и благословени празнични денови.

gruevski-dojran1

-Велигден е денот кога се празнува Христовата жртва за човековото спасение, тоа е празник на љубовта, почитувањето на животот, и вербата во спасението. Велигден е длабоко вкоренет во нашата православна традиција и меѓу православните граѓани кои со голема радост и почит пристапуваат кон празнување на овој ден. Велигден е и празник кој во себе ја носи универзалната и цивилизациска порака на љубов и взаемно почитување, на соживот и разбирање. Секој човек поминува низ мигови на искушенија, наш предизвик е да ја пронајдеме силата во себе да се издигнеме над предизвиците на телото и умот и со божја волја да го избереме вистинскиот пат, патот на почитување, на сакањето, да си помагаме и да не си грешиме или да си предизвикуваме зло еден на друг. Примајќи го зборот божји во нашите срца, даваме мир и спокој на душата. Обединети околу овие вредности треба да чекориме напред, сите заедно да придонесуваме во напредокот и развојот на нашата заедничка држава Република Македонија, се вели во честитката на Груевски.