Поранешниот премие и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на својот фејсбук профил објави видеоснимка од неговиот говор во Собранието на денот кога се гласаше Владата на социјалдемократот Зоран Заев.
„Главната причина за оваа надворешна операција беше нашата политика во однос на барање на фер решение за проблемот со името, кое не го добивме, и како резултат на тоа сѐ уште не ја добивме заслужената покана за членство во НАТО и преговорите за влез во ЕУ, кои беа и ќе останат стратешка цел на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, покрај оваа стратешка цел, стратешка цел е и фер решение, а не наметнато решение кое ќе нѐ обезличи како народ, како нација и како држава. Од новото мнозинство се очекува поинаков пристап по ова прашање. Времето ќе покаже кој бил во право“, вели меѓу другото поранешниот премеир Груевски.