Силите на самопрогласената Донецка Народна Република (ДНР) во источна Украина заробиле диверзантскот-извидувачка грипа на украиската армија во предградијата на Мариупол, извести во четвртокот дописникот на агенцијата РИА.
Седум украински диверзанти успеале да се пробијат низ населбите во градот со полициско возило, но во предградите на Мариупол бил спречени да се извлечат од едница на донецката милиција којашто себеси се нарекува „Циклон“.
Дописникот на РИА бил очевидец на „неутрализирањето“ на украинските борци. Според проруската милиција, двајца од нив биле ранети.
„Сите се разоружани. Сега ќе ги ‘пакуваме’. Диверзантите немаа време да се спротистават. Работевме ‘чисто’“, ја опишал акцијата соговорник на агенцијата од донецката милиција.
Другите руски медиуми, ги наведуваат извештаите на нивните репортери, според кои главниот пункт на кој се собираат бегалците од разурнатиот Мариупол во кој веќе се влезени руските сили и во четвртокот се воделе улични борби, е на 20 километри од градот. Селото Володарско, од украинските власти е преименувано на мапите и платформите за навигација во Николски, па создава конфузија кај бегалците. Таму се организираат волонтери кои доставуваат помош и прават листи за натамошна евакуација.
Очевидците раскажувале дека пред неколку дена припадниците на баталјонот „Азов“, кој го сочинуваат припадници на украинските крајно десни формации, се обиделе да излезат од опколениот Мариупол преку тамошниот аеродром, но нивниот обид бил спречен а преживеаните биле разбиени во помали групи.
Претходно во четвртокот беше објавено дека припадниците на поморската пешадија на руската војска заедно со припадниците на силите на милицијата на ткн Донецка Народна Република, ги чешлаат улиците на јужниот пристанишен град Мариупол во операцијата за елиминирање на украинските паравоени формации и странските платеници.
Во прилогот на RT се наведува дека руските војници биле пречекани од многу жители на градот, коишто, како што се наведува, им помагаат да ги лоцираат позициите на коишто сѐ уште има припадници на ткн баталјон „Азов“, кој го сочинуваат припадници на украинските крајно десни движења и платеници добро вооружени со опремата која украинската војска ја добива од западните сојузници.
Силите на ДНР помогнати од руските единици на 7-ми март го опколија Мариупол, важен стратешки пристанишен град последен кон Азовското Море и преку кој целосно се поврзуваат полупстровот Крим на југот и доминатно проруската област Донбас на истокот на Украина.
Мариупол во пролетта 2014 година по превратот во Киев, кога прорускиот источен регион во Донецк ја прогласи независноста беше вториот по големина град во ткн Донецка Народна Република. Но во јуни истата година, украинските безбедносни сили ја вратија контролата над градот и во него го распоредија тешко вооружениот злогласен ултранационалистички полк „Азов“ на крајнодесните украински групации, против чии борци се поведени кривични постапки поради воени и злосторства против човечноста.
Од тогаш неговите источни преградија беа локации на најжестоките борби. Вечерта на 7-ми март годинава, милициите на Донецк објавија дека градот е целосно опколен и дека започнува операција за постепено чистење на населбите од радикалите и платениците.
Мариупол е пристанишен град на Азовското Море со околу 480.000 жители во областа Донецк, историска козачка крепост и е на патот од Русија кон Крим. Според последните податоци од 2011 година, околу 48 отсто од населението се Украинци и претежно русофони, 43 отсто се етнички Руси, 7 отсто се Грци а другото го сочинуваат Белоруски, Евреи, Ерменци, Бугари и други нации. Рускиот јазик го зборувале 87 отсто, а укринскиот го користеле помалку од 10 отсто, односно мешавина од руски и украински.