ВИДЕО| Грузијците и годинава спречија да се одржи Прајд парадата

Голема група демонстранти упадна на парадата на гордоста во главниот град на Грузија, Тбилиси.
Парадата на гордоста во Грузија мораше да биде откажана бидејќи учесниците мораа да бидат евакуирани. Според грузиските медиуми, околу 5.000 демонстранти се упатиле кон паркот покрај езерото каде се одржувал настанот. Многумина од нив вееја грузиски знамиња и носеа верски симболи.