ВИДЕО| Хамас како ИСИС: Брутално тепа изгладнети момчиња во Газа

Безбедносните сили на терористичката група претепале мажи со врзани очи обвинети дека краделе храна од складиште на Хамас.

Видео објавено во петокот покажува маскирани мажи од безбедносните сили на Хамас како „казнуваат“ жители на Газа осомничени за кражба на храна од магацините на терористичката група.

На снимката се гледа како со палки удираат мажи на кои очите им се врзани и викаат од болка, а на нивниот грб им е напишан зборот „крадец“.

Портпаролот на ИДФ на арапски јазик, рече дека младите жители на Газа биле обвинети за кражба бидејќи биле гладни и се обиделе да земат дел од хуманитарната помош што Хамас ја складира во свои магацини додека го лишуваат локалното население од храна.

„Ова е Хамас и вака се однесуваат со цивилите во Газа“, рече тој. „Сè за што се грижи за терористичката група се нејзините сопствени интереси и иранските пари што ги добива на сметка на сиромашните жители на Појасот. Сега кога иранските пари веќе не се доволни, Хамас им ги одзема парите на сиромашните цивили“.

Видеото мое да го погледнете на YNETNEWS