ВИДЕО| Ханија: Убиството на ал-Арури е терористички чин

Политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, изјави во вторникот вечерта дека убиството на високиот претставник на ова палестинското исламистичко движење Салех ал-Арури во израелски водушен напад во либанската престолнина Бејрут претствува терористички чин, кршење на суверениетот на Либан и обид за проширување на израелската агресија против Палестинците.

Во телевизиското обраќање од Катар, каде што е стациониран, Ханија изрази жалење поради смртта на ал-Арури, како и уште двајца челници на военото крило на движењето Бригадите ал Касам, Самир Финди Абу Амир и Азам ал-Акра Абу Амар, кои исто така, се убиени во вторникот вечерта во израелски напад со беспилотно летало врз канцелариите на Хамас во Дахијех, јужното предградие на Бејрут.

Убиениот ал-Арури беше висок функционер на полибирото на Хамас, но беше и еден од основачите на неговото воено крило Бригадите ал Касам, коишто всушност го изведоа неочекуваниот напад без преседан од 7-ми октомври во јужен Израел. САД минатата година понудија 5 милиони долари награда за информации кои ќе доведат до негово лоцирање, заробување или ликвидација.

Вршителот на должноста премиер на Либан, Наџиб Микати го осуди нападот како „ново израелско злосторство“ и рече дека станува збор за обид на Израел да го вовлече Либан во војната.

Претходно во вторникот поранешниот израелски министер за надворешни работи и за одбрана а сега опозиционер Авигдор Либерман изнесе предлог Израел да заземе територија од соседен Либан којашто воено ќе ја контролира со години за да направи своевидна тампон зона и да ги отфрли борбените позиции на либанското шиитско движење Хезболах подалеку од израелската граница.

Ханија во телевизиското обраќање во вторникот вечерта, исто така, повторно порача дека Хамас „никогаш нема да биде поразен“, дури и по смртта на вториот најважен човек на движењето ал-Арури.

„Движењето чиишто водачи и основачи паднале како маченици за достоинството на нашиот народ и нашата нација никога нема да биде поразено. Тоа е приказна за отпорот и движењето кое по атентатите над своит водачи станува уште посилно и порешително“, рече Ханија во телевизиското обраќање.

Израелско беспилотно летало удрило во вторникот вечерта во канцелариите на Хамас во Дахијех, според некои извори а според други истрелало три проектила, при што загинале вкупно шест лица, извести либанската државна новинска агенција NNA, кое прецизира дека нападот се случил во реонот Ал Мушрафија. Безбедносни извори и лекарите не можеле веднаш да ги идентификуваат преостанатите тројца убиени, но истакнале дека не настрадал шефот на политичкото претставништво на Хамас во Либан, Усама Хандан,

Предградието Дахијех инаку се смета за упориште на моќното и влијателно шиитско движење Хеболах кое во минатото имаше и неколку судири со сунитски Хамас и честопати стоеја на спротиставени страни во блискоисточните судири. По почетокот на најновата израелско-палестинска војна во Газа, Хезболах ми даде вербална поддршка на Хамас, и последните 80-ина денови речиси секојдневно разменува оган со Израел преку јужната либанска граница.