Хаос, кошкања и тепачки го одбележаа почетокот на парламентарната расправа за буџетот за 2025 година во понеделник, поради протестите на опозицијата и граѓанското општество кои бараат одговорност од владата за уривањето на настрешницата на 1 ноември на неодамна реконструираната железничка станица во Нови Сад, кога загинаа 15 лица.
Директниот пренос од денешната седница на втората програма на Радио-телевизија на Србија беше прекинат по исклучувањето на звукот, а претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ, објави пауза и ги повика шефовите на пратеничките групи на консултации.
„Нема да им мине. Србија нема да застане!“, реагираше српскиот претседател Александар Вучиќ на настаните во Собранието и порача дека сака да ги „смири граѓаните“ и дека ќе „одговори на „непристојноста, лошото воспитување и ароганција“ со уште повеќе работа во иднина.
Седницата почна со тензија кога и пратениите од владејачката коалиција и претниците од станаа од своите места и пред говорницата држејќи транспаренти. Опозицијата покажа големо бело платно со крвава рака и носеше натписи „Рацете ви се крвави“, алудирајќи на одговорност за несреќата во станицата. Црвената рака стана симбол на протестите на по трагедијата во Нови Сад во која загинаа 15 лица, а лекарите се уште се борат за животот на двајца тешко повредени.
На балконот на собраниската сала, владејачката партија го истакна транспарентот „Жолтите крадци сакаат војна, Србија сака работа“, со што ја парафразира претходната порака на Вучиќ дека „Србија сака работа, а не војна“, откако тој ја обвини опозицијата дека сака да предизвика конфликти во земјата. Тие потоа го донесоа транспарентот и го развирија пред говорницата, пред опозицијата, која ги истакна нејзините пораки.
Потоа следеше кошање, туркање, фрлање хартии еден на друг и полевање со вода.
„Насилници и силеџии! Беа и останаа! Со денови насилно го блокираа судот и обвинителството во Нови Сад, се обидоа да го запрат сообраќајот и нормалниот живот на граѓаните, а денеска насилно се обидуваат да го блокираат Народното собрание! Срам по срам, од овие опозициски насилници“, објави премиерот Милош Вучевиќ на својот Инстаграм, заедно со видео од денешната седница.
Претседателката на парламентот Брнабиќ одржа прес-конференција на која изјави дека „вакво газење на претставничкиот дом никогаш не е видено, освен кога го запалија овој дом на 5 октомври“, мислејќи на протестите во 2000 година кога беше соборен режимот на Слободан Милошевиќ.
„Прашувам дали некој во Србија мисли дека тоа го прави од побожност и заради правда. Мислам дека после денес нема ни трошка сомнеж дека тоа се луѓе кои се добро организирани, кои некој добро ги обучил и ги платил за да направи хаос во Србија и да ја дестабилизира“, рече Брнабиќ.
!Се обидуваат да ја натераат Србија да запре“, додаде таа и им порача на граѓаните во име на „нејзините колеги кои храбро се борат“: „Не грижете се. Знаеме што е нашата работа, Србија ја имаме во срцето, ќе знаеме да ги заштитиме интересите на сите наши граѓани“, рече Брнабиќ.
Седницата на парламентот се уште е во прекин.