Косовскиот премиер Рамуш Харадинај порача во вторникот дека акцијата на косовската полиција (КPS) и на Полицискиот инспекторат на Косово (PIK) на северот од поранешната српска покраина населен со доминатно српско население, има цел спроведување на законот, а Србите ги повика на мир.
„Акцијата е насочена против лица вклучени во нелегална трговија, организиран криминал и други криминални дела. Некои од лицата вклучени во овие дела се и службеници на царината, полицијата, но и обични граѓани. Како премиер потврдувам дека станува збор за спроведување на законот и ништо друго. Ги повикувам Србите да го сочуваат мирот и да го почитуваат законот“, напиша Хараднај на својата страница на Facebook.
Портпаролот на силите на меѓународната заедница (KFOR), наведува дека косовската полиција спроведувала акција по налог на обвинителството на територијата на цело Косово.
„Операцијата на косовската полиција се спроведува по налог на обвинителството на цело Косово, не само на северот, и не е насочена против Србите, туку против лица обвинети за корупција и криминал“, изјавил за српската агенција Танјуг портпаролот на штабот на KFOR, Винеченцо Грасо.
Косовските медиуми наведуваат дека меѓу уапсените има и Срби и Албанци, додека во соопштението на полициајта се укаќува и дека имало вооружен отпор. Се додава дека и „покрај вооружениот отпор во акцијата во северниот дел се уапсени неколку полициски функционери и граѓани, осомничени за учество во организиран криминал, криумчарење стоки и злоуппотреби на службената положба“.
На оваа операција ѝ претходела повеќемесечна истрага на косовската полиција и на Специјалниот обвинителство, којашто „резултираше со сомневања за вклученост на некои полициски функционери и некои граѓани“ во организирани криминални групи, а се сомничат за шверцување стоки, злоупотреба на службената положба и давање мито“. Се додава и дека „и покрај вооружениот отпор во Северна Митровица, полициската акција е продолжена, вклучително и со апсење и контролирање на некои локации“, што резултирало со запленување на „релевентни докази и други цели“.
Во меѓувреме од теренот пристигнуваат конфузни и неофицијални информации, според кои, наводно, уапсени се 13 лица од српска националност, а две лица се повредени во пукање во Зубин Покот, во судир со специјалните косовски полициски сили ROSU, кои употребиле шок бомби против блокадите поставени да се псречи полцијата да ги одведе уапсените.
Приштинските медиуми јавија дека во четири општина на северот од Косово утрово се уапсени најмалку пет лица поради соменвање за учество во организиран криминал, операциајта на косовската полиција, неведува Kosovapres, започнала околу пет часот утрото, а во општините на северот се оглесиле сирените за тревога.