
Во првиот натпревар на второто коло од шпанското фудбалско првенство Хетафе пред своите навивачи ги совлада Еибар 2:0 (1:0).Во првиот натпревар на второто коло од шпанското фудбалско првенство Хетафе пред своите навивачи ги совлада Еибар 2:0 (1:0).
Првиот погодок за Хетафе го постигна Анхел во 18 минута, а конечните 2:0 ги постави Молина во 90 минута. Хетафе со победа и пораз е моментално на осмото место на табелата, додека Еибар со два пораза е на 17-то место.
Во саботата на распоред се три натпревари од второто коло: Алавес – Бетис (во 18,15 часот), Атлетико Мадрид – Рајо Ваљекано (20,15) и Ваљадолид – Барселона во 22,15 часот.