Љубителите на јогата веќе го забораваат практикувањето на оваа вештина за релаксирање на духот и телото со кучиња или кози, откако од неодамна во еден англиски хотел може да се вежба во друштво со егзотичните животинки лемурите.
Велнес хотелот „Armathwaite Hall“ во северозападната англиска грофовија Камбрија на своите гости им нуди курсеви на ткн „лемогa“. За невообичаеното искуство на вежбање можете да се регистрирате во рамките на пакетот во луксузниот хотел.
Меѓутоа, овој вид примати не доаѓаат од нивата татковина Мадагаскар. Станува збор за жителите на блиското заштитено подрачје во кој слободно се движат, природниот парк „ Lake District Wildlife“.
Во пропагандното видео на снимките од часовите „лемогата“, лемурите љубопитно се шеткаат меѓу учесниците, лефтерно мафтајќи со опашите и повремено скокнувајќи на некој од нив.
Директорот на хотелот и паркот на природата, Ричард Робинсон вели дека живтоните се идеален партнер за вежбање јога. Појаснува ддека тие некои поиции „ги изведуваат“ инстинктивно. Честопати, на пример, се во „лотос позата“, бидејќи на тој начин се обидуваат да се загреат на сонце.
„Се чини дека нашата понуда ги поттикнала нашите гости да започнат да вежбаат јога. Така минуваат повеќе време со овие симпатични животни. Ми се чини дека на светот нема несречќни вработени во зоолошките градини. Времето коешто ние го минуваме надвор најчесто го минуваме со животните. Знаеме како тоа делува на нас, па сакавме и нашите гости да го почувствуваат истото“, вели Робинсон за агенцијата DPA.