Фантасичен натпревар од шест голови видовме во 24 коло од Премиер лигата, Арсенал како гостин на „Вила Парк“ триумфираше над Астон Вила со резултат 2:4.
Лошо почна мечот за Арсенал, по пет минути игра, Кеш испрати одлична топка до Воткинс кој се ослободи од своите чувари и погоди со прецизен удар за водство на Астон Вила од 1:0. „Топџиите“ брзо се опоравувија од почетниот шок, се играше во 16 минута кога Сака погодува за 1:1.
Голот на Арсенал не ги вознемири многу домашните, во 31 минута на сцена стапува Кутињо кој стрелаше за 2:1 и нова предност за тимот од Бирмингем, а тоа беше резултатот од првото полувреме.
Во 61 минута составот на Микел Артета повторно се враќа, Зинченко ја затресе мрежата на Вила за 2:2 по асистенцијата на Одегард.
Арсенал во финишот успеа да направи целосен пресврт, во третата минута од судиското надополнување Мартинез си постигна автогол за 2:3. Конечниот епилог го постави Мартинели во 98 минута за прекин на серијата од три меча без победа во Премиер лигата.
На табелата Арсенал е на првото место со 54 бодови, три повеќе од второпласираниот Манчестер сити. Астон Вила после 11 пораз (трет по ред) се наоѓа на 11 место со 28 бодови.