ВИДЕО I Автобус во Белград влетал во двор од куќа, му се слошило на возачот

Возачот на автобусот на Градското сообраќајно претпријатие (ГСП) денеска е повреден кога возилото излетало од патот и удрило во куќа во белградската населба Ритопек. Несреќата се случила околу 6 часот и 50 минути, кога автобусот излатал од коловозот, пробил ограда и удрил во покрив од куќа.

Автобусот ја уништил оградата и завршил веднаш до објектот.

Во несреќата е уништен предниот дел од возилото.

Во моментот на несреќата во автобусот немало патници, само возачот, кој бил пренесен во болница. Сè уште не се знае степенот на неговите повреди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)