ВИДЕО I Боливудската актерка ја лажирала сопствената смрт, ова е причината

Боливудската актерка Пунам Пандеј ја лажирала својата смрт.

Оваа вест ја шокираше јавноста, а причина беше желбата на Пунам да ја подигне свеста за ракот на грлото на матката и редовните прегледи.

Актерката се огласи на Инстаграм за да потврди дека веста за нејзината смрт како последица од карцином на матка е лажна.

„Да ја трансформираме оваа свест во акција за поздраво утре“, рече таа во видеото што го сподели.

За потсетување, Пандеј е индиска манекенка и актерка во филмови за возрасни. Таа дебитираше во Боливуд со филмот „Наша“ во 2013 година.